вторник, јуни 30, 2026
Дома КУЛТУРА Гала оперски концерт „Жените во музичката уметност низ вековите“ во Скопје

Гала оперски концерт „Жените во музичката уметност низ вековите“ во Скопје

14

Во Музејот на македонската борба во Скопје вечерва (30 јуни) од 19 часот, ќе се одржи гала оперски концерт во рамките на проектот „Жените во музичката уметност низ вековите“. Пред присутните ќе настапат сопранистките Магдалена Алексовска и Тина Ристеска, мецосопранот Даница Станојоска, Ивона Давидовска на контрабас и Наташа Калајџиева-Здравева на пијано. Уметнички соработник е Милан Јанкулоски. Влезот за публиката е слободен.

„Концертите имаат за цел да ги истакнат значењето на жените во музичката уметност и нивните творечки придонес, интерпретативна моќ и културно присуство низ различни историски периоди. Преку избрана концертна програма, публиката ќе има можност да проследи дела и изведби што ја отвораат темата за улогата на жената во класичната музика и оперската уметност“, велат организаторите.

Активноста е поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на владата на Швајцарија

ИЗДВОЕНИ