сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Пристигна и првата реакција на Русија по унгарските избори:„Ова само ќе го...

Пристигна и првата реакција на Русија по унгарските избори:„Ова само ќе го забрза распадот на ЕУ“

83
EPA/SERGEI ILNITSKY

Распадот на Европската Унија само ќе се забрза по поразот на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан на парламентарните избори, изјави Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка.

Изброени 98,9 проценти од гласовите од унгарските избори, ова се резултатите
„Ова само ќе го забрза распадот на ЕУ. Проверете за четири месеци ако сум во право“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа „Икс“, пренесува „РИА Новости“.

Објавата на Дмитриев дојде како одговор на коментарот на британскиот активист Томи Робинсон дека Унгарија „паднала“ и дека „смртта на Европа продолжува“.

Лидерот на унгарската партија „Тиса“, Петер Маѓар, вчера прогласи победа на парламентарните избори во земјата, велејќи дека Тиса освоила невиден мандат.

Актуелниот премиер Виктор Орбан му ја честиташе победата на „Тиса“, велејќи дека резултатите од изборите во Унгарија биле „болни“ за неговата партија „Фидес“ и дека тие ќе продолжат да ѝ служат на Унгарија и на нејзиниот народ како опозиција.

Врз основа на 98,9 проценти од преброените гласови на парламентарните избори во Унгарија, според прелиминарните резултати од Националната изборна комисија, опозициската партија „Тиса“ освои 138 од 199 места во парламентот, додека партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан освои 54 места.

ИЗДВОЕНИ