– Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и со зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба што била диво поставена на пешачките и на велосипедските патеки. Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје. На сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки – соопштија од АХВ

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и со припадниците на Министерството за внатрешни работи, денеска рано изутрина спровеле вонреден инспекциски надзор на дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“, на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ до Бит-пазар.

– Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и со зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба што била диво поставена на пешачките и на велосипедските патеки. Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје, на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки – соопштија од АХВ.

Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство, на приватен имот во селото Чајле, заплениле 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло и нештетно го уништиле на депонијата „Русино“.

 

ИЗДВОЕНИ