Самостојната изложба „1000 добро изодени патеки“ на уметницата Елена Чемерска ќе биде отворена вечер во Културно-социјалниот простор „Центар –Јадро“, а во соработка со галеријата ГРАЛ.
– „1000 добро изодени патеки“ ја испитува променливата врска помеѓу телата, објектите и светот околу нас. Преку слики, текст и звук, Елена ги истражува темите на распаѓање, трансформација и постојаните промени што го обликуваат нашето настанување – се вели во најавата за изложбата.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.






![[Разговор] Ана Франговска: Галичник никого не остава рамнодушен, годинава е во центарот на уметничката креација](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/08/ana-frangovskae-218x150.jpg)





