„Тишина, по тенисот, сакам да бидам пејач!“ Ѓоковиќ има уште само една неостварена желба

918

Новак Ѓоковиќ, светската тенисерска ѕвезда, заедно со своите деца, Тара и Стефан, отсега ќе работи и на својата естрадна кариера. Тој неодамна формираше вистински мал музички бенд, чии, засега домашни, концерти траат со часови. Новак умно го користи слободното време да биде со семејството и носи музички инструменти на секое патување.

– Сите оние што имале можност да ги слушнат, се одушевени од нивниот талент. Нивниот опус е многу разновиден. Тој верува дека овој семеен бенд е посебен за него и дека му донел среќа на некои турнеи каде што одел со своите деца, па по тренингот, свиреле заедно. Кога одат на семејни патувања, музичките инструменти се една од првите работи што ги пакуваат. Без саксофон, виолина и гитара, не одат никаде. Веројатно, кога ќе бидат целосно задоволни од тоа како звучат, Новак и сопругата Јелена ќе снимат нешто што ќе го објават на „Јутјуб“.

Неговите обожаватели да го слушнат и како надежен пејач – велат добро информирани извори. Ќерката Тара свири виолина, Стефан сака да свири гитара, а Ноле свири саксофон. И убаво пее! Особено српски изворни народни песни.                  – Можеби, мојот мал семеен бенд беше заслужен за мојата победа на УС опен и за 24. грен-слем што го освоив – вели секогаш добро расположениот Ѓоковиќ.