Во САД се одржува историските избори на кои Американците избираа меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократската кандидатка Камала Харис.
Досегашните резултати покажаа дека републиканецот по втор пат ќе влезе во овалната соба, како 47. претседател на Соединетите Американски Држави, враќајќи се на функцијата по четиригодишна пауза.
На изборниот ден вчера, маж и жена на гласањето пристигнале со стил, облечени како Доналд и Меланија Трамп на неговата инаугурација во 2017 година.
Откако гласале, тие театрално ја напуштиле зградата, а потоа влегле во лимузина.
Видеото само на X собра повеќе од 2,5 милиони прегледи за помалку од 24 часа, а гласачите на Трамп ја пофалија нивната идеја во коментарите.
https://twitter.com/i/status/1853244286650757242