„Звукот на идната генерација“ е концертот со солисти од Факултетот за музичка уметност – Скопје што ќе се одржи на 11 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Македонската филхармонија.
Под диригентско водство на маестро проф. м-р Сашо Татарчевски, со оркестарот на Филхармонијата како солисти ќе настапат и студентите од ФМУ: Давид Павиќ – пијано, Кристијан Колев – кларинет, Христијана Матеска – хармоника, Бојана Митковска – виолина, Михаил Јагуриноски – пијано, Итан Георгиев – контрабас.
Влезот за концертот е слободен.












