Американскиот УФЦ борец Стивен Асплунд се најде во центарот на вниманието откако откри низ каква физичка и психолошка агонија минувал пред неговата последна борба.
Борецот со прекар „Бетон“ морал да симне неверојатни 10,9 килограми во текот на ноќта пред официјалното мерење, за да го исполни лимитот од 120,7 килограми во тешка категорија.
Асплунд, кој во минатото тежел дури 235 килограми, призна дека екстремното слабеење сериозно влијаело врз неговата физичка состојба и настап.
На УФЦ 114 настанот во Лас Вегас во март, 28-годишниот Американец го претрпе првиот пораз во кариерата, откако поранешниот полутешкаш Витор Петрино го совлада со едногласна одлука. Дури по борбата Асплунд откри колку лошо се подготвувал за мерењето.
- Ужасно згрешив во таа последна борба. Морам да бидам искрен, имаше многу ароганција. Го правев ова и претходно, па мислев дека повторно ќе помине, призна тој во интервју за „Full Send MMA“.
А потоа следеше неверојатното откритие.
- Ноќта пред мерењето тежев 130,6 килограми. Губењето повеќе од 10 килограми за една ноќ беше катастрофална грешка. Не го направив паметно, во текот на две недели или барем една недела пред борбата, туку одеднаш, откри популарниот „Бетон“.
Но, проблемот не бил само физички. Асплунд призна дека пред борбата бил под огромен психолошки притисок, особено поради својот противник.
- Бев преплашен од тоа што може да направи. Типот удира како камион, додава Асплунд.
Во моментот кога започнал да се сомнева во себе, ситуацијата дополнително се влошила.
- Ако мојот дебел задник стигне до вагата, со оглед на мојата животна приказна и моите постојани разговори за стероиди, УФЦ ќе ме отпушти, вели тој.
Асплунд денес признава дека тоа било сериозна лекција.
- И со право. Тоа беше лекција што морав да ја научам, заврши УФЦ борецот/
Борецот очигледно сфатил дека неговата самодоверба во овој случај преминала во ароганција, а обидот да симне речиси 11 килограми за само една ноќ имал огромна цена. Сега останува да се види дали тој ќе се врати во октагонот со поинаков пристап – и дали ова болно искуство ќе биде пресвртница во неговата кариера.











