недела, ноември 1, 2026
Дома БАЛКАН Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

0
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Бугарската централна банка.

Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја доби поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА.

Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони луѓе, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време.

Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател.

Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Валчев; нивната кандидатура е поддржана од владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и Социјалистичката партија.

Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; нивната кандидатура е поддржана од прозападните опозициски сили.

ИЗДВОЕНИ