Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува корисниците дека жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција од утре до петок, поради вршење контрола од страна на стручни тимови од австриската фирма „Допелмаер“.
– Од сабота жичницата ќе продолжи со непречено превезување патници во вообичаеното работно време. Ви благодариме за разбирањето – соопштија од ЈСП.












