Градот крие многу приказни, а најинспиративните се поврзани со жените што оставиле трага во нашата историја и во културното наследство.
В недела, со почеток во 12:00 часот, кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, во рамките на проектот на Општина Центар, ќе се одржи тематската прошетка „Женското наследство во Центар“. Водич и овој пат ќе биде Бојана Јанева.
Од Општина Центар ги повикуваат жителите да се приклучат и да ја искористат можноста да ги дознаат приказните на жените што ја граделе историјата на нашата земја.












