Досега се откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, речиси 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
– Прва пролетна култура што влегува во процес на откуп, односно пласман, е пролетната зелка. Во Струмичкиот Регион, оваа култура најмногу се произведува. Она што го имам како последен податок е дека од 1 јануари до денешен ден се откупени некаде над 60 милиони килограми, што е некаде околу 8-9 милиони килограми повеќе во споредба со истиот период минатата година. Ова е доказ дека расте производството – истакна Трипуновски.
Тој додаде дека процесот на откуп на пролетната зелка сè уште е во тек, но веќе влегува во својата завршна фаза.












