По обновеното полетувалиште за параглајдеристи на Мечкин Камен, Крушево за оваа сезона ќе добие уште две полетувалишта на местото Црн Врв. Со постојните 2.000 квадратни метри, сега ќе се добијат уште толку, со што градот ќе одговори на сѐ поголемите потреби на параглајдеристите од светот. Овие полетувалишта ќе бидат готови до август, кога се европското и светското јуниорско првенство во параглајдерство. Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, вели дека сезоната на параглајдерски летови и доаѓање спортисти од цел свет почнува кон крајот на месецов и почетокот на јуни.

– Параглајдерството ни е многу битно за развојот на туризмот во Крушево, кое е меѓу посакуваните светски дестинации со одлични услови. Очекуваме богата сезона, а новите полетувалишта многу ќе придонесат за тоа – нагласи тој 

 

По обновеното полетувалиште за параглајдеристи на Мечкин Камен, Крушево за оваа сезона ќе добие уште две полетувалишта на местото Црн Врв.

Од Општина Крушево информираат дека е во фаза на спроведување нов проект за прекугранична соработка, со истото партнерство со Општина Елбасан, Албанија, како претходниот, кој заврши. Проектот е насловен „Крушево и Елбасан – патување и авантура“. Со постојните 2.000 квадратни метри, сега Крушево ќе добие уште толку, со што ќе одговори на сѐ поголемите потреби на параглајдеристите од светот.

– Во рамките на овој проект, градиме ново полетувалиште на местото Црн Врв. Тој центар за полетување ќе се состои од две полетувалишта, секое со површина од 1.000 квадратни метри, опфаќајќи два нови старта. Тоа значи дека значително придонесуваме за подобрување на инфраструктурата, која е основа за развој на параглајдерството во Крушево. Нашата намера е овие полетувалишта да бидат готови до август, кога се европското и светското јуниорско првенство во параглајдерство. Сакаме, во текот на тие настани, да ги промовираме резултатите од овој проект. Капацитетот на постојното полетувалиште беше пополнет. Во времето на одржување на професионалните натпревари, слободните параглајдеристи беа скратени за простор за полетување. На овој начин двојно го прошируваме капацитетот за параглајдерство – објаснува Татијана Хасану, раководител на Одделението за локален економски развој во Општина Крушево.

Новиот проект за прекугранична соработка со Елбасан од Албанија е 830.000 евра, финансиран од ЕУ и се инвестиции што речиси подеднакво се распределени од двете страни. Со претходниот проект од околу 730.000 ера со Елбасан, Албанија, меѓу другото беше обновено постојното полетувалиште на Мечкин Камен.

Воедно, Хасану истакна дека истовремено ќе се уреди и спортско-рекреативен центар на Гумење, со изградба на нов рекреативен парк, со цел и таа зона, Крушевското Езеро, да се збогати со содржина со која ќе понуди извонредни услови за престојување во текот на летниот период.

Крушево подготвува и проект за прекугранична соработка со Грција. Засега е во фаза на изготвување техничка документација. Станува збор за воспоставување интегрирано управување со отпадот во Крушево и за почеток на примарната и секундарната селекција, бидејќи чистата животна околина е предуслов за развој на туризмот. Се подготвува техничката документација за изградба на центар за селекција на отпадот, па потоа ќе се аплицира. 

Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, вели дека сезоната на параглајдерски летови и доаѓање спортисти од цел свет почнува кон крајот на месецов и почетокот на јуни.

– Параглајдерството ни е многу битно за развојот на туризмот во Крушево, кое е меѓу посакуваните светски дестинации со одлични услови. Очекуваме богата сезона, а новите полетувалишта многу ќе придонесат за тоа – нагласи тој. 

 

 

ИЗДВОЕНИ