Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14:04 часот е регистриран во епицентралното подрачје Преспа.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 127 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на земјата. Во Битола и околината, според Европската макросеизмичка скала, бил почувствуван со интензитет од III до IV степен.












