Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08.34 часот, во Босна и Херцеговина. Потресот се случи во областа на Горажде, во близина на Ковачи.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотреот се наоѓал на координатите 43,6895° северна географска ширина и 18,7915° источна географска должина.
Податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар укажуваат дека хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на Земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.












