петок, јули 10, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Украина развива систем за балистички ракети еквивалентен на „Патриот“

Зеленски: Украина развива систем за балистички ракети еквивалентен на „Патриот“

14
Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Систем за противракетна одбрана споредлив со американскиот „Патриот“ се развива во Украина со помош на европски партнери како дел од проект наречен „Фреја“, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Би рекол дека тоа е европски систем, но таков што останува под наша контрола. Проектот е наш систем за балистички ракети, кој треба да биде еквивалентен на „Патриот“ во однос на можностите за пресретнување, но е повеќе насочен кон масовно производство и е поевтин. Тоа, барем, е целта што ја поставив за нашите производители“, рече украинскиот претседател во аудио порака до новинарите објавена на социјалните мрежи.

Се очекува првиот состанок со потенцијалните партнери да се одржи „многу наскоро во Франција“, додаде Зеленски, без да прецизира датум.

Украинскиот претседател рече дека проектот ќе трае со години.

Според претходен извештај на британскиот весник „Фајненшл тајмс“, пресретнувачот, наречен FP-7.X, беше тестиран минатиот месец во Украина, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ