четврток, ноември 26, 2026
Дома СВЕТ Речиси нула шанси за договор за буџетот на ЕУ: Маѓар ги откри...

Речиси нула шанси за договор за буџетот на ЕУ: Маѓар ги откри „црвените линии“, Туск предупреди за цената на безбедноста

0
EPA/Radek Pietruszka POLAND OUT

Во Брисел денеска се одржа првата рунда разговори за новиот повеќегодишен буџет на ЕУ, во рамките на првиот ден од вонредниот состанок на Европскиот совет, соопшти претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на платформата „Икс“.

„Тукушто ја завршивме првата рунда разговори во рамките на Европскиот совет за мојот предлог за следниот долгорочен буџет на ЕУ. Лидерите разговараа за ставовите на едни со други“, напиша Кошта, додавајќи дека по паузата ќе се одржат консултации со групи земји-членки на ЕУ.

На почетокот на работата, Кошта ги повика лидерите на земјите-членки на ЕУ да ја разберат итноста на моментот, да заземат конструктивен пристап, да бидат подготвени на компромис и навреме, до крајот на оваа година, да го усвојат следниот повеќегодишен буџет на Европската унија.

Во меѓувреме, унгарскиот премиер Петер Маѓар сподели информации за текот на важните разговори за време на состанокот, наведувајќи на социјалните мрежи дека им ги претставил приоритетите на Унгарија на останатите 26 шефови на држави и влади, како и „црвените линии“ што неговата земја „нема да ги премине“.

„Со оглед на целосно спротивставените ставови изнесени од учесниците на состанокот, сметам дека шансите за постигнување договор денес се речиси нула“, изјави унгарскиот премиер, додавајќи дека, според него, малку е веројатно и постигнување договор во периодот близу Божиќ (25 декември).

Полскиот премиер Доналд Туск им порача на останатите лидери на ЕУ, преку платформата „Икс“, дека „евтина Европа може да биде многу скапа грешка“.

„Безбедноста има своја цена. Тоа е едноставно“, нагласи Туск.

ИЗДВОЕНИ