четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Украина е подготвена за нова рунда разговори, местото на состанокот сè...

Зеленски: Украина е подготвена за нова рунда разговори, местото на состанокот сè уште не е договорено

81

Украина е подготвена за нова рунда разговори за завршување на војната, но местото на состанокот сè уште не е договорено поради различните позиции на САД и Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по посетата на Франција.

Зеленски рече дека разговорите требало да се одржат во среда и четврток следната недела, но дека американската страна побарала да се одложат.

„Американците рекоа дека се подготвени да се сретнат, но само во Америка, бидејќи војната (на Блискиот Исток) и безбедносната ситуација во моментов им забрануваат да ја напуштат територијата на САД“, рече Зеленски.

Тој истакна дека Украина потврдила дека нејзината делегација е подготвена да лета за Мајами или Вашингтон, но дека руската страна одбила да лета за Америка и понудила една од земјите – Турција или Швајцарија, но дека Американците ги отфрлиле овие опции.

„Веднаш рековме дека сме подготвени за состанок следната недела, се подготвуваме за состанок во Америка, Швајцарија, Турција, па дури и, ако не се плашат, во Емиратите“, рече Зеленски, наведувајќи дека зависи од Американците дали ќе се одржат преговори.

Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги продолжи преговорите за завршување на војната штом американските партнери бидат подготвени.

ИЗДВОЕНИ