четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Сијарто: Унгарија нема да купува поскапа нафта по налог на Украина

Сијарто: Унгарија нема да купува поскапа нафта по налог на Украина

72
Фото: EPA/WAEL HAMZEH
Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто изјави денеска дека неговата земја нема да купува поскапа нафта по налог на Украина, дека ќе ги прани пониските цени на енергенските и ќе го чува суверенитетот, и покрај притисоците на претседателот на Украина Володимир Зеленски.

„Литванскиот министер за надворешни работи Будрис Кестутис изјави денеска дека му било стам да живее во земја која купува евтина руска нафта, тврдејќи дека тоа значи одрекување од автономијата“, напиша Сијарто на платформата „Икс“.

Како што истакна тој, балтичите земји долго „играат како што им свири Зеленски“, но дека Унгарија нема да потклекне на уцените на украинскиот претседател.

„Никој не може да ни диктира од каде треба или не треба да купуваме нафта, и никој не може да не натера да купуваме по повисока цена од претходно“, рече Сијарто.

Тој нагласи дека семејствата во многу европски земји плаќаат три до четири пати повеќе за комуналии отколку унгарските.

„Ние ќе ја заштитме цената на енергенсите и ќе го браниме нашиот суверенитет“, порача Сијартол

Нафата од Русија престана да тече низ нафтоводот „Дружба“ кон Унгарија и Словачка на 27 јануари, а Украина тврди дека причината е рускиот напад на нафтената инфраструтура во градот Броди во регионот Лавов.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо се сомневаат дека Киев ја користи ситуацијата за политички притисок и мешање во унгарската изборна кампања.

Украина ги отфра обвинувањата и тврди дека работи на санацијата на оштетената инфраструктура, пренесе „Танјуг“.

 

 

ИЗДВОЕНИ