понеделник, ноември 23, 2026
Дома БАЛКАН Каква врска има Албанија со нападот во Либија? Се огласи Министерството

Каква врска има Албанија со нападот во Либија? Се огласи Министерството

0

Албанија денеска негираше каква било вмешаност во напад со поморски беспилотни летала врз руски брод крај брегот на Либија, отфрлајќи ги извештаите дека нападот бил извршен од нејзина територија.

Во соопштение објавено на социјалната мрежа „Икс“, албанското Министерство за надворешни работи изјави дека извештаите се неточни и не соодветствуваат со фактите.

„Албанија не била вклучена во овој инцидент, а нејзината територија ниту била искористена, ниту пак ставена на располагање за извршување или олеснување на таков напад. Категорично ги отфрламе овие тврдења, кои се изнесени без какви било проверливи докази“, наведоа претставници од Тирана, како што пренесува „Ослобоѓење.ба“.

Министерството, исто така, ги повика оние што ги шират овие тврдења да објават исправки и да обезбедат точност, должно внимание и одговорност при известувањето за чувствителни прашања.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Службата за безбедност на Украина, во соработка со одбранбените сили, спровела операција крај брегот на Либија, при што ја потопила руската корвета „Меркур“ користејќи седум поморски беспилотни летала од украинско производство.

ИЗДВОЕНИ