петок, јуни 12, 2026
Дома СВЕТ Зеленски го нуди Азербејџан како место за преговори со Путин

Зеленски го нуди Азербејџан како место за преговори со Путин

93
EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес, по разговорите со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Баку, изјави дека Украина е подготвена за трилатерални разговори со Русија во Азербејџан.

Зеленски рече дека разговорот се фокусирал на мировните напори и дека Киев високо ја цени улогата на своите партнери во посредувањето во тој процес, објави Укринформ.

„Со азербејџанскиот претседател споделивме дека сме подготвени за трилатерални разговори. Имавме такви разговори во Турција, имавме такви разговори со нашите американски партнери во Швајцарија“, рече Зеленски.

ИЗДВОЕНИ