петок, јуни 12, 2026
Дома РАЗНО Затворски притвор за шестмина, домашен за четворица поврзани со случајот со лажни...

Затворски притвор за шестмина, домашен за четворица поврзани со случајот со лажни филери и ботокс

237

На шест лица осомничени за шверц и естетски интервенции со лажни филери и ботокс им е определена мерка притвор, а на четворица куќен притвор. На останатите девет приведени лица им се определени мерки на претпазливост.

„Од доставените 11 предлози за определување на мерка притвор, Обвинителството, по сослушување на осомничените, за две лица го преиначи предлогот во мерка куќен притвор, од кои, судот едниот го прифати, а другиот го одби и определи мерки на претпазливост. Од останатите девет предлози за притвор, судот уважи шест, а одби три и на овие тројца осомничени им определи мерка куќен притвор“, информира денеска Кривичниот суд.

Во акцијата спроведена во Скопје, Струмица и Битола беа приведени повеќе лица кои се сомничат за шверц и естетски интервенции со лажни филери и ботокс. Меѓу нив има и доктори од ГОБ „8 септември“ и Клиниката за дерматологија во Скопје. Лажните ботокси и филери бил набавувани од Србија, Кореја и Турција. Веб-страниците преку кои се нудеа овие услуги згаснаа преку ноќ.

ИЗДВОЕНИ