epa11663998 President of Ukraine Volodymyr Zelensky faces the media as he arrives for the European Council summit in Brussels, Belgium, 17 October 2024. EU leaders are meeting in Brussels to discuss Ukraine, the Middle East, competitiveness, migration and foreign affairs. EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Словачкиот премиер Роберт Фицо, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „шокиран“ од победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, бидејќи стравува дека војната во Украина ќе заврши.

„Дали некогаш сте виделе личност која се плаши дека војната ќе заврши? Па, го видов (на конференција во Будимпешта) и се вика Володимир Зеленски. Претседателот Зеленски е шокиран што Трамп победи и дека помошта на САД може да биде запрена“, рече тој во програмата „Саботни дијалози“ на Словачкото радио.

Според Фиц, Зеленски е загрижен поради фактот што моментално нема политички мандат, а Украина се потпира на огромни финансиски заеми.

„Новиот американски претседател даде едно од неговите силни предизборни ветувања дека може да ја заврши војната во Украина во рок од 24 часа, тоа го препишувам на предизборната кампања, многу е тешко да се заврши оваа работа во тоа време“, додаде премиерот на Словачка.

Но, според него, Трамп ќе сака да демонстрира одредени резултати од неговата активност по ова прашање.

„И сега прашањето. Може ли да дојде и да му каже на рускиот претседател Владимир Путин: Господине претседателе, ако не ја завршите војната во Украина, тогаш ќе ве бомбардираме со атомски бомби? Тој не може да го каже тоа, така што може да има само друго решение: ќе дојде до значително намалување на поддршката за Украина од Соединетите Американски Држави“, заклучи премиерот.

На прашањето на уредникот „што значи победата на Трамп за Европа, а што за Словачка“, Фицо одговори дека очигледна задача на новоизбраниот претседател ќе биде пред се заштитата на американските национални интереси, како и дека Трамп е л против војните во светот. Тој повтори дека ако САД ја намалат помошта за Украина, „најголемата грешка би била Европската унија да го преземе финансирањето на Украина“.