среда, октомври 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Збогум откомвриско сонце: Македонија на удар на џеновски циклон – обилни врнежи...

Збогум откомвриско сонце: Македонија на удар на џеновски циклон – обилни врнежи од петок и цел викенд

0

Во петок, како и за време на викендот, територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џенова и на влажни воздушни бранови кои ќе донесат поголема промена на временската состојба кај нас, најави Славчо Попоски.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни, особено во западните предели каде локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд). Локално пак ќе има услови и за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни.

Сепак и покрај ова, температурите остануваат релативно високи и без некои поголеми промени, освен минималните температури кои ќе бележат промени, односно истите поради облачноста ќе бидат во пораст, вели метеорологот.

ИЗДВОЕНИ