петок, ноември 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА СЕКОЈА ПОЛИЦИСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ СЕ СНИМА: Тошковски воведува задолжителни боди камери за...

СЕКОЈА ПОЛИЦИСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ СЕ СНИМА: Тошковски воведува задолжителни боди камери за полицајците!

1

Полициските службеници ќе мора задолжително да носат боди камери при секое службено дејствување и преземање оперативни активности. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека новата мерка треба да донесе поголема контрола, професионалност и одговорност во работата на полицијата.

Според најавата, камерите ќе бидат задолжителна опрема за полициските службеници при извршувањето на нивните работни задачи, со што службените интервенции ќе бидат документирани со видео материјал.

„Полициските службеници при секое едно нивно дејствување, при секое едно нивно оперативно преземање на активности ќе бидат задолжени да носат боди камери“, изјави Тошковски.

Министерот очекува оваа мерка да придонесе за поголема професионалност во полициското постапување, но и да им ја олесни работата на обвинителството и судовите.

Видео снимките ќе претставуваат дополнителен доказен материјал кој ќе може побрзо да се обезбеди и достави до надлежните институции.

„Со тоа, од една страна цениме дека ќе се поткрене професионалниот одговор од страна на полициските службеници, но од друга страна цениме дека и те како ќе биде корисно во рамки на доказните постапки“, рече Тошковски.

Од МВР очекуваат воведувањето на боди камерите да придонесе за поквалитетни докази во судските постапки и поефикасно утврдување на фактите при истрагите.

ИЗДВОЕНИ