Полициски службеник од Полициската станица Кисела Вода доби кривична пријава откако бил затекнат како управува автомобил без положен возачки испит.
Пријавата против Ф.К. ја поднел Одделот за внатрешна контрола при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје.
Според информациите од МВР, на 28 октомври, на улицата „Ленинова“ во Скопје, полицискиот службеник управувал патничко возило „Сеат Ексео“ без да поседува положен возачки испит.
Тој се товари за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.












