среда, октомври 7, 2026
Дома СВЕТ Канада ги исклучува менталните болести како единствена причина за еутаназија

Канада ги исклучува менталните болести како единствена причина за еутаназија

20

Канадскиот министер за правда, Шон Фрејзер, денес изјави дека владата ќе воведе закон оваа есен за да се исклучи менталната болест како единствена причина за еутаназија.

Месеци откако парламентарната комисија даде слична препорака, Фрејзер рече дека не предвидува понатамошни ограничувања на канадските закони за еутаназија, кои создадоа еден од најпопустливите системи во светот за асистирано умирање, објави Ројтерс.

Фрејзер рече дека законот ќе вклучува и одредби за однапред барања од луѓе кои сакаат да бидат еутаназирани доколку ја изгубат способноста да донесат таква одлука во иднина, како на пример во случаи на деменција или Алцхајмерова болест.

ИЗДВОЕНИ