четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Заврши пролетната дератизација во Центар

Заврши пролетната дератизација во Центар

26

Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.

-Во рамки на акцијата беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари – соопштија од локалната самоуправа.

Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна мерка за планско намалување на популацијата на глодари и заштита на јавното здравје.

-Со превентивна и систематска дератизација придонесуваме кон планско сузбивање на штетните глодари кои можат да претставуваат здравствен и хигиенски ризик – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

 

ИЗДВОЕНИ