четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Заврши асфалтирањето на улицата „103“ во месноста Јака, во  Марино

Заврши асфалтирањето на улицата „103“ во месноста Јака, во  Марино

50

Со асфалтирање на вториот и завршен слој, улицата „103“  во  местото викано Јака во селото Марино е комплетно завршена и подготвена за користење.

-Станува збор за современо изведена улица со должина од 512 метри и широчина од 6 метри, проектирана по највисоки стандарди, со тротоари од двете страни во широчина од по 1,5 метри, што овозможува безбедно и функционално движење на сите учесници во сообраќајот – соопштија од Општина Илинден.

Оттаму информираа дека пред асфалтирањето биле реализирани сите неопходни подготвителни активности како што се: прецизно профилирање и трасирање на улицата и темелна стабилизација на подлогата со соодветна стисливост на тампонскиот слој, гарантирајќи долготрајност и квалитет. Паралелно, биле изведени повеќе приклучоци за фекална канализација и водоснабдување, со што, како што велат од Општината се создадени комплетни инфраструктурни услови за објектите долж улицата.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека уредувањето на локалната патна инфраструктура останува еден од врвните приоритети на локалната самоуправа.

-Со оваа инвестиција, Општина Илинден уште еднаш потврдува дека континуирано и посветено работи на изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на улиците во месноста Јака, како и во сите населени места на нејзина територија, обезбедувајќи поквалитетни, побезбедни и современи услови за живот за сите граѓани – заклучија општинските власти.

ИЗДВОЕНИ