Затворска казна од 1,5 година за директорите Бесими и Етеми за пожарот во модуларната болница

121

Флорин Бесими и Артан Етеми тогашните директори на тетовската болница, денеска се прогласени за виновни за тешки дела против општата сигурност во случајот за пожарот во модуларната болница, кој загинаа 14 лица.

Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово е одговорно за предизвикување на општа опасност и треба да плати казна од 1 милион денари.

Ова е втора пресуда за случајот, откако во првата беше досудена условна казна за директорите Бесими и Етеми која беше поништена од Апелациониот суд во Гостивар.

ИЗДВОЕНИ