Денес во лондонскиот Кралски суд започна судењето на британскиот актер и комичар Расел Бренд. Тој е обвинет за сексуално злоставување на шест жени во Лондон и Борнмут во периодот меѓу 1999 и 2009 година.
Бренд (51), некогаш еден од најпознатите британски актери, се соочува со три обвиненија за силување, три обвиненија за сексуален напад и едно обвинение за непристоен напад – обвиненија што тој ги негира, пренесува Ројтерс.
Обвинителката Риел Карми-Џонс изјави дека, без оглед на тоа кои биле жените или што кажале или направиле, тој не се откажал од намерата да ги нападне.
Обвинителството изјави дека Расел Бренд бил „бескрупулозен, пресметлив и манипулативен сексуален предатор“. Против Бренд се поднесени три обвиненија за силување, три за сексуален напад и едно за непристоен напад. Според обвинението, наводните дела се поврзани со шест жени. Бренд ги отфрла обвинувањата, а за време на претходните судски рочишта се изјаснил дека не е виновен. Постапката треба да ги утврди фактите и околностите поврзани со секое од обвиненијата. Се очекува судењето да трае околу шест недели.
Комичарот, познат по својот ексцентричен стил и изглед, беше редовно присутен на британската телевизија во текот на 2000-тите, а работеше и како радио-водител на Би-би-си.
Тој глумеше во бројни филмови и се ожени со американската пејачка Кети Пери во 2010 година, но се разведе од неа во 2012 година, по 14 месеци брак.
Во 2017 година се ожени со Лора Галахер, со која имаат три деца.












