Демократскиот конгресмен од САД, Ро Кана, денеска најави дека има намера да го испраша Џенсен Хуанг, извршен директор на технолошката компанија „Nvidia“, во врска со наводното шверцување на напредни чипови за вештачка интелигенција во Кина. Ова ќе се случи кога Хуанг ќе сведочи пред комисиите на американскиот Конгрес на 1 и 3 декември.
Кана, демократ од Калифорнија, изјави за „Ен-би-си њуз“ дека истрагата треба да се фокусира на тоа дали Кина незаконски дошла до најнапредните американски чипови, а не на приватниот живот на извршниот директор на „Енвијда“.
„Ако Кина ги краде, тоа ѝ овозможува да ги надмине САД или да го достигне нивното ниво во трката за вештачка интелигенција. Ова е прашање што ги загрижува и републиканците, и независните, и демократите“, рече Кана.
Тој наведе дека ќе го праша Хуанг колку знаел за наводната вмешаност на кинеските власти во деловните активности на Алис Хуанг – тогашна директорка на сингапурската компанија „Megaspeed“, која е осомничена за шпионажа во корист на Кина – како и во активностите на нејзиниот сопруг, Канг Веи.
Според деталите од случајот, сингапурската компанија за „клауд“ компјутерски услуги „Megaspeed“, каде што работела Алис Хуанг, ѝ помогнала на Кина да дојде до чипови од „Енвидија“.
Кана најави дека ќе го праша Хуанг дали знаел дека Канг Веи, наводно постапувајќи по наредба на кинеските власти, изградил центри за податоци во Кина; и дали знаел дека најнапредните чипови на „Nvidia“ – испорачани преку Сингапур – се наоѓале во тие центри.
Предвидено е Хуанг да се појави пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД на 1 декември, а на 3 декември ќе сведочи пред Комитетот за банкарство на Сенатот.
Претходно овој месец, Хуанг беше отстранет од својата позиција на чело на „Енвидија“ откако во јавноста излезе информација за негова вонбрачна афера со Алис Хуанг, која е осомничена за шпионажа.
Тој исто така призна дека имал вонбрачни афери и со други вработени во компанијата. Тој беше вратен на функцијата минатата недела, откако американскиот претседател Доналд Трамп го повика одборот на директори на „Енвидиа“ (Nvidia) да го врати во раководството на компанијата, пренесува „Танјуг“.












