Русија сака мир и претседателот Путин е отворен за преговори, но Европа не сака да придонесе за решавањето на причината за конфликтот во Украина, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Песков истанка дека Европа најавила, штом решението за Украина ќе биде на повидок, планови за распоредување на својот воен контингент на украинска територија, со што ќе биде зачуван, како што рече, коренот на причината за конфликтот поради кој Русија отпочна „специјална воена операција“.
„Излегува дека Европејците велат: ‘Ние ќе учествуваме во вашиот трилатерален формат – ќе го претвориме во четирилатерален – но истовремено ќе продолжиме со нашите провокации и со политиката, всушност, да ја одржуваме војната’. Со други зборови, наместо да придонесат за решавање на прашањата што ја предизвикаа оваа војна, тие, напротив, ќе се погрижат сите тие длабински причини да опстојат“, рече Песков во изјава за News.by.












