среда, октомври 14, 2026
Дома СКОПСКА Започната е постапката за избор на изведувачи за БРТ, било разговарано и...

Започната е постапката за избор на изведувачи за БРТ, било разговарано и за пречистителната станица во Трубарево

13

Започната е постапката за претквалификација на изведувачи за линијата 1 на брзиот автобуски превоз (БРТ), а паралелно продолжуваат активностите за обезбедување стручна поддршка за реализација на проектот. Ова го објави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, по средбата со делегацијата на Бордот на директори од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Тој наведе дека акцентот на средбата бил ставен на БРТ.

– Скопјани заслужуваат побрз, посигурен и поквалитетен јавен превоз. Помалку време во сообраќај, полесно пристигнување на работа и на училиште, помал метеж и почист воздух – истакна Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека било разговарано и за пречистителната станица за отпадни води во Трубарево, инвестиција од огромно значење за заштитата на водите, животната средина и на здравјето на граѓаните.

– Тоа е одговорност и кон генерациите на кои ќе им го оставиме овој град. Ја потврдив и определбата за понатамошна соработка во модернизацијата на инфраструктурата, енергетската ефикасност и во реализацијата на Зелениот акциски план за Скопје – нагласи Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека средбата со делегацијата на Бордот на директори на ЕБОР имала цел да ја продлабочи соработката за реализација на стратешките инвестиции што му се потребни на градот.

– Мојата определба е цврста. Секој проект мора да решава вистински проблем, а секоја инвестиција да носи конкретна придобивка за скопјани – заклучи Ѓорѓиевски.

(А. П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ