Просечната месечна температура беше околу 1,8 степени Целзиусови, најниска забележана во 2019 година, додека нови снежни врнежи се очекуваат во среда, 2 декември.
Ноември 2026 година во Москва е меѓу 25-те најтопли години во последните 135 години редовни метеоролошки набљудувања, со просечна месечна температура од околу 1,8 степени Целзиусови.
Според метеоролозите, плус температурата во руската престолнина останала поголемиот дел од ноември.
„Овој ноември е меѓу 25-те најтопли години во историјата на мерењата. Истата просечна месечна температура е измерена и во 2019 година – 1,8 степени Целзиусови“, соопшти Рускиот хидрометеоролошки центар, пренесува ТАСС.
Нови снежни врнежи се очекуваат во Москва и Московската област во среда, 2 декември. Според прогнозата, снежната покривка би можела да достигне висина до пет сантиметри, пренесува Танјуг.












