среда, октомври 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА 79-годишен скопјанец пронајден починат во селото Зрзе, телото дадено на обдукција

79-годишен скопјанец пронајден починат во селото Зрзе, телото дадено на обдукција

0

Седумдесет и деветгодишен маж од Скопје бил пронајден починат во селото Зрзе, во општина Долнени, а по наредба на јавен обвинител неговото тело е дадено на обдукција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 16:45 часот, во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во селото Зрзе е пронајден Т.Б. (79) од Скопје.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

ИЗДВОЕНИ