Од почетокот на годината до 12 август, во Италија се пријавени 226 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, додека седум лица починале, објави италијанскиот Национален институт за здравство. Вирусот е регистриран во 55 региони, при што најголем број случаи се регистрирани во регионите Венето, Пиемонт, Лацио и Ломбардија, како и во градовите Падова, Милано, Рим и Кремона.

Од вкупниот број случаи, 102 се манифестирале во невроинвазивна форма, а 38 асимптоматски случаи се откриени кај дарители на крв, објавува агенцијата Аднкронос.

Со вирусот Западен Нил во Грција се заразени 110 лица, девет починаа

Првиот смртен случај поради инфекција со западнонилски вирус е регистриран i во Македонија. Пациентот е 83-годишен маж од Скопјe кој бил лекуван на Клиниката за заразни болести и фебрилни состојби.

Според Институтот за јавно здравје, симптомите на пациентот започнале на 2 август со треска, главоболка, општа слабост, болки во зглобовите и мускулите, вкочанетост на вратот и нарушена свест.

Кај него бил дијагностициран менингитис, а покрај тоа, страдал и од други хронични заболувања.

Присуството на вирусот Западен Нил било потврдено со серолошко испитување на цереброспиналната течност.

ИЗДВОЕНИ