Според податоците на Фондот за зелено финансирање (GFF), во првите три квартали од 2026 година, струмичани учествуваат со околу една четвртина во вкупниот број апликанти на национално ниво. Бројот на апликанти од Струмица изнесува 27 во првиот квартал, од вкупно 104 апликанти (26 %), 33 во вториот, од вкупно 131 (25,2 %), и 10 во третиот квартал, од вкупно 40 апликанти (25 %)

 

Граѓаните на Општина Струмица се меѓу најактивните корисници на Програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Македонија“.

Според податоците на Фондот за зелено финансирање (GFF), во првите три квартали од 2026 година, струмичани учествуваат со околу една четвртина во вкупниот број апликанти на национално ниво.
Бројот на апликанти од Струмица изнесува 27 во првиот квартал, од вкупно 104 апликанти (26 %), 33 во вториот, од вкупно 131 (25,2 %), и 10 во третиот квартал, од вкупно 40 апликанти (25 %).

Градоначалникот Петар Јанков и Општина Струмица, во соработка и со поддршка од УНДП и Фондот за зелено финансирање, ги поддржаа можностите за примена на одржливи енергетски решенија во домаќинствата, што ги нудеше овој Фонд за зелено финансирање.

– Високото учество на граѓаните е охрабрувачки показател и е во согласност со заложбите на локалната самоуправа за поздрава и почиста животна средина, намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на животот. Затоа, градоначалникот Јанков и надлежните служби и во наредниот период ќе поддржуваат вакви инструменти за поддршка на иницијативи за поздрава животна средина и зелени инвестиции – велат од Општина Струмица.

 

ИЗДВОЕНИ