Неверојатен скандал го одбележа боксерскиот спектакл во Истанбул, каде што францускиот боксер Мурад Алиев славеше против домашниот миленик Умут Џамкиран, но наместо да ја прослави победата, се најде во центарот на вистински хаос.

Алиев доминираше во рингот и покажа дека е далеку подобар противник, па по завршувањето на борбата ги крена рацете во знак на триумф. Сепак, она што следуваше ги шокираше присутните и ја фрли во сенка целата спортска вечер.

Според извештаите, атмосферата во арената целосно излегла од контрола, а францускиот боксер бил нападнат од разгневени лица. Се фрлале столови и канти за отпадоци, додека Алиев се обидувал да се заштити и безбедно да го напушти просторот.

Дополнителен скандал се случил и во текот на борбата. На крајот од петтата рунда, Џамкиран наводно го удрил Алиев во стомакот, но мечот не бил прекинат и продолжил до конечниот исход.

Со оваа победа Алиев беше на чекор до освојување на појасот WBC Silver, но хаосот по последниот гонг го спречи нормалното доделување на признанието. Доколку резултатот биде официјално потврден, за Французинот тоа ќе биде 16. победа во професионалната кариера.

Џамкиран, кој пред овој меч имаше импресивен резултат од 25 победи без пораз, го претрпе првиот неуспех. Сега се очекува организаторите и боксерските власти да ги истражат инцидентите и да одлучат дали ќе има дисциплински санкции.

ИЗДВОЕНИ