четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Заедничко планирање археолошки истражувања, конзервација, презентација и интегрирање на културното наследство

Заедничко планирање археолошки истражувања, конзервација, презентација и интегрирање на културното наследство

70

Унапредување на научноистражувачките активности, зачувување на културното наследство, како и развој на културниот туризам. Воедно, работа на планирање на археолошките истражувања, конзервација и презентација, размена на стручните знаења и интегрирање на културното наследство во пошироката едукативна понуда.

Ова го предвидува меморандумот за соработка што денеска го потпишаа градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска- Трајкоска, и директорката на Археолошкиот музеј, Магдалена Манаскова.

Од Општина Кисела Вода информираат дека овој значаен документ поставува цврст темел за стратешко партнерство насочено кон заштитата, истражувањето и одржливото користење на културно-историскиот потенцијал на територијата на Општината.

Според меморандумот, Општината ќе обезбеди логистичка, инфраструктурна и промотивна поддршка, додека Музејот ќе ја понуди својата неопходна стручна и научна експертиза преку вклучување археолози и конзерватори.

– Културното наследство е нашиот идентитет и наша обврска е да го заштитиме и соодветно да го промовираме. Со потпишувањето на овој меморандум, Општина Кисела Вода и Археолошкиот музеј се обединуваат во заложбата за валоризација на нашата историја. Оваа соработка ќе овозможи стручна заштита на културните добра и нивно доближување до граѓаните преку едукативни програми и развој на културниот туризам. Нашата цел е преку силна меѓуинституционална поддршка да создадеме трајни вредности за идните генерации –истакна Стаменкоска-Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ