четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Американско катче во Домот на културата во Ѓорче Петров

Американско катче во Домот на културата во Ѓорче Петров

33

Во соработка со американската Амбасада, Општина Ѓорче Петров започнува иницијатива за отворање ново американско катче во Домот на културата – модерен простор за знаење, идеи и развој.

Ова било договорено на денешната средба на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, со претставниците од американската Амбасада.

Од Општината информираат дека младите ќе добијат пристап до едукативни ресурси, работилници, обука и интерактивни настани, со цел да развиваат нови вештини, критичко размислување и претприемачки дух.

Стојкоски истакна дека ова американско катче ќе биде динамичен хаб -простор каде што идеите ќе станат реалност, а младите ќе добиваат алатки за личен и за професионален напредок.

 

 

ИЗДВОЕНИ