четврток, јули 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА За излез на ГП Богородица се чека само 15 минути

За излез на ГП Богородица се чека само 15 минути

11

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ.

На граничниот премин „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

ИЗДВОЕНИ