Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија на Глори, Холанѓанецот Рико Верховен, ги сподели своите мисли за неговиот боксерски меч со непоразениот 39-годишен поранешен апсолутен светски шампион во тешка категорија Украинецот Александар Усик . Нивната борба е закажана за 23 мај во Гиза (Египет), а во прашање е титулата во тешка категорија на верзијата ВБЦ.

Се очекува Усик да биде голем фаворит и малкумина му даваат шанса на Верховен. Рико има само една боксерска борба што ја добил, но оттогаш не боксувал. Рико во минатото тренирал со Тајсон Фјури и Том Аспинал. „Кралот на кикбоксот“ е самоуверен во себе и верува дека Усик никогаш не сретнал борец како него.

Рико планира да воведе елементи на кик бокс и да му го отежни што е можно повеќе на Усик патото до победата.

„За да бидеш најдобар во она што го правиш, мора да бидеш малку луд. Мора да бидеш малку луд и опседнат со она што го правиш, а јас сум токму таков. Сè правам совршено. Го сакам тоа и добивам задоволство од тоа. Го правам тоа со таква страст и среќен сум што сум тука. Се фокусираме на боречките вештини. Ги комбинирам двата света – кик боксот и боксот – за да го направиме овој спорт уште попопуларен. Александар решил многу боксерски загатки претходно. Но, никогаш не решил една како мене. Ќе внесам некои елементи од кикбоксот во борбата и ќе му дадам поинаков предизвик. Јас сум голем борец, тежам околу 125 килограми. Значи, ќе мора тоа да го има предвид“, рече Верховен.

ИЗДВОЕНИ