вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Серија земјотреси во близина на тајна база поврзанa со бројни теории на...

Серија земјотреси во близина на тајна база поврзанa со бројни теории на заговор за вонземјани и НЛО

222
EPA/J.L. Pino

Повеќе од десетина земјотреси го погодија регионот во близина на тајна база во Невада во последните 24 часа.
Најмалку 17 потреси со јачина до 4,4 степени според Рихтеровата скала се регистрирани само неколку милји од Областа 51, место кое стана култен феномен благодарение на децениите теории на заговор што го поврзуваат со НЛО, вонземјани и тестирање на експериментални летала.

Земјотресот со јачина од 4,4 степени предизвика сеизмичка активност, која се случи на длабочина од само 4 километри, дополнително поттикнувајќи шпекулации за можно подземно тестирање, објавува Дејли Меил.

Потресите се регистрирани во област која обично не е позната по честа сеизмичка активност, што покрена прашања кај набљудувачите по оваа необична серија.

Геофизичарот Стефан Бернс ја опиша локацијата како „необично место за земјотрес“, истакнувајќи дека регионот историски бил релативно мирен во споредба со другите области со расед во западниот дел на САД.

Тој, исто така, посочи на малата длабочина на најсилниот земјотрес, околу четири километри под површината, што, според него, го прави настанот особено значаен.

Бернс додаде дека земјотресите и подземните експлозии понекогаш можат да создадат слични сеизмички потписи, особено кога енергијата се ослободува одеднаш под површината.

Иако нагласи дека настанот најверојатно бил природен земјотрес, тој призна дека има „одредена двосмисленост“ во сеизмичките податоци и рече дека необичните карактеристики ја прават активноста „вредна за разгледување во контекст на тоа дали станува збор за таен подземен нуклеарен тест“.

Најновиот земјотрес во регионот се случи во четврток во 5:38 часот наутро по тихоокеанско време. Повеќе од 100 луѓе ги пријавиле потресите во Геолошкиот завод на САД. Сепак, областа е претежно населена со воен персонал, изведувачи и вработени.

ИЗДВОЕНИ