понеделник, јули 6, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ: Со сигурност од 99,9 проценти знаеме дека пронајденото тело е на...

Вучиќ: Со сигурност од 99,9 проценти знаеме дека пронајденото тело е на А. Н., никој не треба да страда вака

104
Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека со голема веројатност од 99,9 отсто можа да се претпостави дека телото пронајдено во буре е убиениот Н.А.

Тој го изјави тоа за „РТС“, зборувајќи за случајот „Сењак“ и истакна дека се чекаат резултатите од анализата на ДНК.

Убиеното лице не е ниту академик, ниту некој без досие, но никој не смее да страда на оваков начин, истакна претседателот Вучиќ.

Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата кои учествуваа во потрагата по телото на А.Н., а особено на жандармеријата.

„Ова го направиле монструми, тоа не се луѓе, за кога и да станува збор. Убиеното лице не е ниту академик, ниту некој без досиеа, но да убиете некого на ваков начин тоа е застрашувачки злочин и никој не смее да страна на оваков начин“, рече Вучиќ.

Тој наведе дека едно лице се обидело да ги наведе државните органи на погрешна трага, кажувајќи дека треба да се пребара реката Сава кај Шабац, но дека тоа набрзо го сфатиле и се упатиле во потрга во Јарковачко езеро.

„Специјалистите за шумарство и ориентација виделе повеќе изгорено дрво и материјал на едно место, се сомневале и пронашле буре и пред да го ископаат заклучиле дека е тоа“, рече претседателот.

Тој истакна дека буренцето било исечено и пронајдено е свиткано тело, кое претходно било изгорено за да се намали количината на крв.

„Се утврдува ДНК, но со 99,9 проценти сигурност можам да кажам дека станува збор за А. Н.“, рече Вучиќ.

Инаку, во буре, кое денес беше ископано на територијата на општина Инѓија во присуство на јавни обвинители, полиција и судски вештаци, пронајдено е тело за кое се верува дека му припаѓа на А. Н., по кого се трагаше.

Со наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Белград, како и на ДНК вештачење.

ИЗДВОЕНИ