Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека американските царини за Србија ќе бидат привремено укинати од ноќеска додека траат преговорите со САД.
Минатата година, САД воведоа санкции од 35 проценти за стоки од Србија, што, како што рече Вучиќ, предизвика големи проблеми.
„Од вечерва, царините за Србија се нула проценти, за одреден период. Секако во иднина тие ќе бидат, мислам, помеѓу 10 и 12, но засега и за некое време додека траат разговорите, тие ќе бидат нула проценти“, изјави тој за РТС.
Тој процени дека новата одлука би можела да донесе „буквално стотици милиони долари нови инвестиции“, наведувајќи дека очекува нови инвестиции од компаниите што веќе работат во Србија, но и дека тоа ќе испрати силен сигнал до другите јапонски, корејски и други странски инвеститори.
Пред речиси една година, САД воведоа царина од 35 проценти за увоз на стоки од Србија.












