Во интервју за Си-ен-ен (CNN), српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека пред Србија претстои тешка и значајна политичка трка за парламентарните избори. Тој истакна дека во рамките на ЕУ постојат примери на поранешни претседатели кои преминуваат на функцијата премиер и обратно, но дека тоа се смета за контроверзно само кога станува збор за него.
„Истиот потег го направи и Румен Радев, но вие не го спомнавте тоа. Постои и друг пример – Алекс Стуб (од Финска) беше премиер, а потоа стана претседател. Но, се чини дека тоа е дозволено за сите други, само не и за мене“, рече Вучиќ во емисијата на Фарид Закарија на Си-ен-ен.
Тој одговараше на барањето на водителот да го коментира својот план за премин од претседателската функција на премиерската – потег сличен на оној што го направи рускиот претседател Владимир Путин.
На прашањето дали преминот на премиерската функција го гледа како знак на „авторитаризам“, Вучиќ одговори одречно, истакнувајќи дека отсекогаш бил демократ.












