сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Вторпат за една недела: Куба повторно остана без струја

Вторпат за една недела: Куба повторно остана без струја

88

Националната електрична мрежа на Куба беше исклучена по втор пат за една недела во саботата поради ембаргото на нафта на САД врз карипската земја, соопштија кубанските власти.

Официјалните лица изјавија дека владата во Хавана се бори да го одржи снабдувањето со електрична енергија и покрај дотраената инфраструктура, пренесе „Танјуг“.

Повеќе од 10 милиони луѓе останаа без струја во домовите и бизнисите низ Куба.

„Во 18:32 часот (22:32 GMT), Националниот електроенергетски систем целосно прекина. Ќе продолжиме да го ажурираме системот“, се вели во соопштението објавено на социјалните медиуми од државната компанија за електрична енергија „Унион Електрика“, објави „Ројтерс“.

Инцидентот е трет голем прекин на електричната енергија овој месец, а голем дел од системот беше исклучен и на 4 март, кога откажа голема термоцентрала.

Куба се соочи со серија големи или целосни прекини на електричната енергија во последните години, при што два прекини ја засегнаа целата земја во рок од една недела.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе ембарго за нафта на карипската островска земја откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше соборен од власт на 3 јануари, уапсен и екстрадиран во САД, каде што се соочува со обвиненија за трговија со дрога.

Оттогаш, Трамп го запре извозот на венецуелска нафта во Куба и им се закани на другите земји со казнени тарифи доколку продадат нафта на Куба.

Мексико, најголемиот снабдувач на нафта на Куба, заедно со Венецуела, ги суспендираше пратките на нафта, но не престана да обезбедува хуманитарна помош.

ИЗДВОЕНИ