Кошаркарите на Кожув го приредија најголемото изненадување во рамките на 20. коло во Суперлигата откако на домашен терен го совладаа бранителот на титулата, тимот на МЗТ Скопје, со 88:80. Со оваа победа, Кожув се проби на четвртото место на табелата, со бод повеќе од Маџари.

Победа во ова коло запиша и Гостивар, кој беше подобар од Маџари со 86:66, како и Феникс, кој беше подобар од Чаир на гости со 67:81 . Со овој триумф, Феникс ги задржа шансите за влез меѓу осумте најдобри, а со тоа и за пласман во плејофот.

ИЗДВОЕНИ