Главен симптом за ишијас е острата болка што жари, проследена со чувство на трпнење, слабост и вкочанетост. Во најголем дел од случаите се јавува еднострано, односно се спушта од половината по должината на едната нога. Одредени положби на телото може да влијаат врз интензитетот на болката, која најчесто се зголемува при исправена положба, одење, клекнување или свиткување во половината, додека во лежечка положба, делумно се намалува или целосно исчезнува

Ишијасот се карактеризира со болка во долниот дел од грбот, која, преку колкот, се спушта во задниот дел на ногата, а во одредени случаи ги зафаќа стапалото и прстите. Најчесто се јавува само на едната страна. Интензитетот на болката варира. Најголем дел од луѓето закрепнуваат без специфична терапија.

Ишијасот, познат уште и како лумбоишијалгија, претставува невралгија што примарно се карактеризира со болка во пределот на телото што е инервиран од n. ischiadicus. N. ischiadicus е најголемиот нерв во човечкото тело, кој започнува од долниот дел на грбот и испраќа нервни гранки сè до потколеницата и стапалото.

Главен симптом е острата болка што жари, проследена со чувство на трпнење, слабост и вкочанетост. Во најголем дел од случаите се јавува еднострано, односно се спушта од половината по должината на едната нога. Одредени положби на телото може да влијаат врз интензитетот на болката, која најчесто се зголемува при исправена положба, одење, клекнување или свиткување во половината, додека во лежечка положба, делумно се намалува или целосно исчезнува.

Причини за ишијас

– Хернија на интервертебралниот дискус во лумбалниот дел. Внатрешниот централен дел на дискусот може да хернира и да врши притисок врз нервот, поради што се јавува болка.

– Дегенеративно заболување на интервертебралниот дискус во лумбалниот дел. Дегенерацијата на дискусите е нормален процес при стареењето, но кај одредени луѓе овој процес во лумбалниот дел може да направи иритација на n. ischiadicus и да се јави болка.

– Инфекции, повреда или тумор.

– Бременост. Промените низ кои поминува телото при бременоста, како зголемување на телесната тежина, притисок од плодот и хормоналните промени, може да доведат до појава на ишијас.

– Спондилолистеза. Поради мала стрес-фрактура, настанува дислокација на прешленското тело кон напред, со што се врши компресија на нервот.

Исто така, ишијасот може да се јави секундарно, како резултат на некое примарно заболување како дијабетес. Дијагноза: за дијагноза на ишијас, потребно е примарно да се земе добра анамнеза и да се направи детален физикален и невролошки преглед.

Со цел да се одреди причината за појавата на ишијас, во некои случаи се потребни  и дополнителни испитувања како правење на електромиограм, рендген, компјутерска томографија и магнетна резонанција.

Постојат неколку опции за третман во зависност од причината што довела до појава на симптомите, како и нивниот интензитет.

Најчесто се користат аналгетици за ублажување на болката, мускулни релаксатори и др. Во потешки случаи, се применува кортикотерапија.

Физикална терапија, вежби и масажи

Во одредени случаи, единствена опција за лекување е хируршката интервенција, која, за среќа, не е потребна кај најголем дел од пациентите.

Физикалната терапија трае 21 ден.

(Авторот е специјалист по здравствен фитнес. Ординации за физиотерапија  „Физиотерапевт – здравје“ во Гостивар и „Физиотерапевт – Жежов“ во Битола.)

ИЗДВОЕНИ